Повеќе стотици љубители на пиво вчера се собраа во словенечкото место Залец на отворањето на првата „фонтана за пиво“ во Европа, јавуваат словенечките медиуми.
Таа е нова атракција која пред неколку години ја осмислиле локални бизнисмени, меѓутоа нема да исфрла литри бесплатно пиво кое посетителите би можеле да го пијат.
Секој кој ќе плати шест евра ќе добие специјална чаша со микрочип, во која ќе може да наточи децилитар пиво од секоја од петте различни славини.
„Целта не е луѓето тука да се опијанат, туку сакаме да ја промовираме културата на консумирање пиво“, изјавил градоначалникот на Залец Јанко Кос.
– Интересот на луѓето од странство е неверојатен. Тие ни се јавуваат и прашуваат какво пиво имаме. Тоа не може да биде лошо, истакнал Кос.
Тој додал дека благодарение на фонтаната, која е поставена во градскиот парк, Залец ќе се најде на туристичката мапа на Европа.
Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:
Мажите ќе ве обожаваат: Направете им сладолед од пиво
Брашно, пиво, јајца и путер – 4 состојки за генијален резултат во кујната
Вкусно мезе: Крокети со пилешко и шунка – одлични за со ладно пиво
Необичен десерт на кој мажите ќе се радуваат: Палачинки со пиво
Заврши „Пивофест 2016“, организаторите презадоволни – Колку пиво се испило?
Маријана главна ѕвезда на Пивофест – А, еве кој напиток за бронзен тен го препорачува!
Викенд мезе: Поховани маслинки – одлично одат со пиво
Добра вест за мажите: Ако пиете пиво ќе бидете ѕверови во кревет