Дознајте кои од овие 10 кујнски трикови навистина успеваат

Дознајте кои од овие 10 кујнски трикови навистина успеваат

По сè изгледа, не сите животни трикови коишто ги гледате на интернет можат да ви бидат од корист и да ви го направат животот полесен. За таа цел, ние решивме денес да ви презентираме 10 популарни кујнски трикови; некои од нив се навистина супер и корисни за употреба во вашата кујна, додека други, се тотална утка.

  1. Трик: Сечење шери домати на половина

Насоки: поставете ги шери доматите во чинија и поклопете ги со друга чинија одозгора. Нежно притиснете ја горната чинија, за да се задржи редоследот на шери доматите во долната чинија и користејќи го малиот простор помеѓу двете поклопени чинии, почнете внимателно да ги сечете.

Резултат: Трикот е успешен! Сè што ви е потребно е остар и долг нож. Тој може да се употреби за било кое овошје или зеленчук, кое има тркалезна форма.

1                ФОТО: food52.com

  1. Трик: Експресно ладење на стаклено шише, со мокра салфета

Насоки: Сигурно веќе сте запознаени со овој популарен трик. Сè што треба да направите, е да го обложите шишето од вашиот омилен пијалак, со мокра кујнска хартија и потоа да го поставите во замрзнувач.

Резултат: За жал, ќе мораме да ве разочараме, овој трик воопшто не функционира. Шишето кое е обложено со мокра хартија, се лади со иста брзина како и шишето кое не е обложено. Единствената разлика, е во водата која останува во вашиот фрижидер, со применување на овој трик.

2                ФОТО: johnrleeman.com

  1. Трик: издвојување на жолчката од белката на јајцето со пластично шише

Насоки: Сè што ви треба за овој трик, е обично пластично шише. Скршете го јајцето и ставете го во чинија. Стиснете го шишето, со цел да испуштите воздух од него, а потоа приближете го до жолчката и отпуштете го шишето. Жолчката со леснотија ќе се издвои и ќе влезе во шишето. Потоа, едноставно притиснете го шишето повторно, за жолчката да испадне во чинијата.

Резултат: Оваа финта функционира совршено, токму онака како што е опишана! За трикот не ви се потребни никакви специјални вештини. Топло ви го препорачуваме да го примените, следниот пат кога ќе двоите белки од жолчки.

3                ФОТО: myappliances.co.uk

  1. Трик: Чистење на дршките од јагодите

Насоки: За овој трик потребна ви е сламка за пиење пијалаци. Сè што треба да направите, е да ја турнете сламката од дното на јагодата до нејзиниот врв. Ова е најефикасниот начин за отстранување на зелениот дел од јагодите и истовремено, задржување на нивната форма.

Резултат: Трикот е успешен! Имаме само една забелешка. Употребувајте го овој едноставен трик за чистење на дршките од помалите јагоди, а за поголемите продолжете да го применувате традиционалниот метод, на отсекување на зелениот дел со нож.

4                ФОТО: 2.bp.blogspot.com

  1. Трик: сечење на меко сирење или торта со конец за заби

Насоки: Сечењето на секој прехранбен производ којшто има голема густина и маснотија, претставува тешка задача, особено кога парчињата треба да бидат еднакви и тенки, со цел да бидат убаво сервирани. Ножевите не се од голема помош во овие ситуации, бидејќи самата густина на производите прави тие да се заглават и залепат во внатрешноста. За оваа потреба, најдобар трик е користење на конец за заби. Остар и тенок, истиот лесно поминува низ сирењето или тортата.

Резултат: Трикот е одличен. За разлика од ножевите, конецот за заби не се лепи за мекото сирење и ви овозможува да исечете фини, тенки парчиња. Ситуација е малку покомплицирана кога станува збор за сечењето торти, но со малку пракса, ќе успеете да ја пресечете тортата на еднакви парчиња.

5                ФОТО: meredith.com

  1. Трик: Лупење на лушпата од варено јајце со лажичка

Насоки: Скршете дел од големата страна од јајцето, удирајќи го од тврда површина и отстранете ја лушпата. Вметнете ја лажичката во просторот помеѓу јајцето и лушпата и внимателно отстранете ја преостаната лушпа.

Резултат: Овој трик не е баш успешен, бидејќи одзема премногу време, а неговата цел беше токму заштеда на времето потребно за лупење варено јајце. За поедноставно лупење јајце, би ви предложиле да примените друг трик. Откако ќе ги сварите јајцата, истурете ја врелата вода од тенџерето и додајте ладна вода. Поклопете го тенџерето со капак и цврсто држејќи го одозгора, енергично протресете ги јајцата. Кога ќе го отворите капакот, ќе забележите дека лушпите на јајцата се скршени и ќе отпаднат со едноставно плакнење со вода.

6                ФОТО: twitter.com/CoolestLifeHack/

  1. Трик: Отворање капачиња од тегли со употреба на селотејп

Насоки: Овој трик се применува за поедноставно да ги отвориме цврсто затворените тегли. Пресечете парче селотејп со должина од околу 30 см. Залепете го едниот крај од парчето селотејп на средината од капачето и продолжете, така што ќе залепите уште 1/3 селотејп околу долниот дел од капачето. Превиткајте го преостанатиот дел од селотејпот на половина, формирајќи импровизирана рачка. На крајот, држете ја цврсто теглата со едната рака и потегнете ја „рачката“ со другата и заглавеното капаче ќе се отвори.

Резултат: Трикот е успешен, но воопшто не би ви го препорачале, освен ако не сакате да истурите половина од содржината на теглата врз вас или на масата. Наместо овој, ви препорачаме да примените друг трик за отворање капачиња од тегли. Облечете гумени ракавици или ставете гумено ластиче околу капакот, за полесно да ја отворите теглата.

7                ФОТО: instructables.com

8. Трик: Спречување на зовриената вода од претечување

Насоки: Сигурно веќе сте го слушнале овој трик од вашата мајка или баба. Едноставно поставете дрвена лажица врз тенџерето и таа ќе ја спречи водата да истече надвор од него.

Резултат: Повторно мораме да ве разочараме, ова е само уште еден мит. Водата и понатаму ќе продолжи да врие и истекува и никаква лажица не може да го спречи овој процес. Сè што можете да направите, е да ја намалите температурата на ринглата.

8                ФОТО: thriftytstreasures.com

  1. Трик: Враќање на крцкавоста на корката од вчерашната пица

Насоки: Целта на овој трик, е со подгревање на пицата во микробранова печка, заедно со чаша вода, нејзината кора да стане повторно крцкава како што била минатиот ден.

Резултат: Ова е само уште еден познат трик, кој за жал не ги дава очекуваните резултати. Корката од пицата нема да биде крцкава и вкусна како што била минатиот ден, кога пицата била тазе печена.

9                 ФОТО: pinimg.com

  1. Трик: Лупење на киви, авокадо или манго со стаклена чаша

Насоки: Овој трик е многу познат, особено за лупење тврди овошја како што се авокадото и мангото. Сè што треба да направите, е да го исечете овошјето на половина и да го поставите долниот дел помеѓу плодот и кората, на работ од чашата, која всушност ја употребувате за да ја излупите кората со лизгање на овошјето надолу. (види слика)

Резултат: Овој трик е ефикасен, но не е баш едноставен. Треба да бидете вистински професионалец за да успеете да го излупите овошјето на овој начин, бидејќи во спротивно ќе добиете само свеж овошен исцедок во вашата чаша. Ако навистина сакате да го усовршите, тогаш подобро погледнете го следново видео.

10                            ФОТО: finecooking.com
Автор: Кристина

Кристина е автор и уредник на Fashion Corner Net, портал за женска мода и убавина. Таа во слободно време ужива во мелодична музика, долги прошетки во природа и учење странски јазици. Кога не вежба јога или не вози велосипед, таа го пакува куферот и заминува на некоја далечна дестинација, а по пат чита интересна книга за мистериозната човечка психологија.