Покрај тоа што се вкусни, оревите се и многу здрави. Од секогаш се сметале за важни за интелектуалните способности, а некои дури и го споредуваат изгледот на оревот со обликот на човечкиот мозок.
Постојат дваесетина видови ореви и воглавно сите може да се јадат. За едно дрво со ореви да порасне и да дава плодови потребни се во просек 15 години, а се проценува дека едно стебло орев може да дава плодови 45 години.
Оревот содржи антиоксиданси, квалитетни масни киселини, железо, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, манган, селен, витамини Б, Е и К. Само 30 грама ореви дневно може значително да го подобри вашето здравје.
Придобивки од оревите за нашиот организам:
Омега масни киселини
Иако оревите содржат и омега-6 киселини, една порција (една рака) ви пружа околу 91 отсто од дневната потреба за омега-3 есенцијални масни киселини. Ова е важно бидејќи телото не може само да ги произведе овие важни масни киселини. Омега-3 киселините го штитат срцето, поттикнуваат когнитивни функции, имаат антифламаторно делување.
Го зајакнуваат имунитетот
Оревите содржат елагична киселина и поради тоа се одлични за зајакнување на имунитетот.
Го намалуваат холестеролот
Оревите помагаат во намалувањето на холестеролот и како резултат на тоа помагаат во намалувањето на ризикот од заболување од кардиоваскуларни болести.
Подобар сон
Содржат мелатонин, хормон кој помага во воспоставување на балансирани навики за спиење и ментална смиреност.
Оревите исто така го чуваат и здравјето на коските.
Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија за многу здравје
Веднаш тркнете во маркет да купите ананас
Тие се најздравото овошје – сигурно не ни помисливте на нив
Добар старт на денот: Егзотичен напиток за енергија
ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје
Заборавете на ледот – одсега само ова ќе го ставате во пијачката