Ако сакате пица, но немате време да вклучувате рерна, имаме вистинско решение за вас. Своето омилено јадење можете да го подготвите и во тава, само важно е да имате капак.
Состојки за тесто за пица:
- околу 250 гр пченично брашно
- 1 шолја вода
- 1/2 лажичка квасец
- 1/3 лажичка сода
- 1/2 лажичка шеќер
- 1/2 лажичка сол
Состојки за сос:
- шунка
- рендан кашкавал
- кечап
- оригано
- маслинки
- и се што сакате да ставите на пицата
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите суви состојки, поточно, во брашното додајте шеќер, сол, квасец и сода. Додајте вода и месете го тестото додека не престане да се лепи на рацете. Кога ќе завршите со тестото, оставете го малку да отстои.
- По еден час, земете го тестото и ставете го во тавата, во која претходно сте ставиле масло. Печете на силен оган околу пет минути, а потоа сврете го од другата страна.
- Намалете ја температурата и распоредете шунка, кечап, оригано и се што сакате по тестото.
- Тавата поклопете ја и печете ја пицата на умерена температура. Јадењето е готово кога кашкавалот ќе се растопи.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи