Пченката е многу вкусна и за голем дел од гурманите таа има специфичен богат вкус. Пченката се користи како главно јадење или предјадење, а е незаменлив дел и од многу прилози или гарнири на главни јадења.
Сепак, тајната на рецептите секогаш се крие во едноставноста 🙂
За овој наш рецепт ќе ви биде потребно замрзната пченка, маргарин или путер, зачини по вкус.
Пченката сварете ја според упатството на кесичката. Ние употребуваме замрзната пченка на Пекабеско.
Исцедете ја пченката и ставете ја во чаша или длабок сад. Во врелата пченка ставете 1 голема лажица путер или маргарин. Додадете малку сол и омилените зачини. Ние додаваме малку црн бибер и малку лута шарена сол.
Промешајте и јадењето е готово.
Уживајте во храната и гответе со љубов 🙂
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Дуплирани приносите, а еве какви видови на пченка постојат
Лесен и здрав оброк во летните денови: Динстани тиквички со пченка
Посно, вкусно и не дебелее: Полнети пиперки на поинаков начин
Се сеќавате на Попај Морнарот? Имаше право кога велеше да јадеме спанаќ
Внесете здравје во домот: Куркумата е лек за 100 болести
Мохито овошна салата – рецепт за летно разладување
Природна лимонада од праски – веднаш ќе посакате да ја направите