Варени, печени, пржени…од компири никогаш доста. Овој пат ви нудиме печен компир со пармезан.
Состојки:
- 4-5 компири
- 1 лажица масло
- 50 гр пармезан
- 1 лажица црвен пипер
- 1 лажица магдонос
- 1/2 лажица лук во прав
- зачини
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени, а во меѓувреме измијте ги и излупете компирите, па исечете ги на коцки.
- Ставете ги компирите во огноотпорен сад, па ставете масло и зачини. Ставете црвен пипер, лук, зачини и пармезан.
- Печете 25 минути.
- Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин
Мусака со карфиол и мисиркино месо