Ако ви здодеа од вообичаениот начин на подготовка на палачинки, Gotvi.mk ви нуди нов, вкусен и интересен начин, за подготовка на десерт од соништата. Палачинки со боровинки ќе станат вашиот нов омилен десерт. Може да ги послужите и за појадок.
Состојки:
- 3 лажици сенаменско брашно
- 1/4 лажици сода бикарбона
- 2 лажици јаворов сируп
- 1 лажица млеко
- 1 лажица масло
- 1 јајце
- 1 лажица боровинки
Подготовка:
- Сите состојки освен боровинките помешајте ги и ставете ги во сад, кој ќе го ставите подоцна во микро печка.
- Откако смесата ќе стане хомогена и изедначена, додадете ги боровинките, па ставете го садот околу минута во микробрановата.
- Одозгора декорирајте со уште некоја боровинка.
- На здравје!
Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди