Ладна супа за врелите летни денови

Ладна супа за врелите летни денови

Направете вкусна ладна супа во топлите летни денови со која ручекот ќе биде уште подобар. Еве што ви е потребно за овој специјалитет:

Состојки:

  • 1 краставица
  • 3 домати
  • 1 пиперка
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 0,5 дл маслиново масло
  • 1 лажица балсамико оцет
  • 5-6 листови босилек
  • Сок од свежо цеден лимон
  • сол, бибер и други зачини по желба

Подготовка:

  1. Гаспачо може да се подготви со излупен домат, но ако преферирате да не го лупите, можете и така. Ставете ги доматите во врела вода, па 1-2 минути во ледена вода, за лесно да ги излупите.
  2. Потоа, ставете ги доматите во сад, додадете ги маслиново масло, лимоновиот сок и балсамико оцетот, па добро измиксирајте.
  3. Зеленчукот исечете го на ситни коцки и ставете го во садот со доматите, па додадете и зачини. Лукот ситно исечете го и додадете го во садот.
  4. Смесата изматете ја со миксер, па додајте го босилекот.
  5. Пред послужување, изладете ја барем половина час во ладилник.
  6. На здравје!

Повеќе поврзани Gotvi.mk рецепти:

Зеленчукова супа

Крем супа од моркови

Телешка супа со куркума и брокула

Мисиркина супа со јајце

Пролетна супа

Јагнешка чорба по традиционален рецепт

Крем чорба од тиква и компири

 

singlepost_text