Тие се прават брзо и едноставно, а толку се вкусни и идеални за журка! Пица мафините се со привлечен изглед и неодолив вкус. Се подготвуваат за миг.
Состојки:
- тесто за пица
- сос од домати
- оригано
- моцарела
- маслиново масло
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете масло во калапот за мафини.
- Поделете го тестото на 12 еднакви делови и развлечете го секој дел.
- Премачкајте ги со сос од домати, ставете оригано и моцарела. Замотајте го тестото во спирала почнувајќи од подолгиот крај, превиткајте го на пола и ставете го во калапот за мафини така што отворената страна ќе биде нагоре.
- Печете околу 20 минути.
- Уживајте, забавувајте се и гответе со љубов 🙂
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
Најдобар рецепт за домашно ќофте