Направете вкусни палачинки за неколку минути. Сите состојки ќе ги ставите во блендер и ќе гледате како се случува фантазија во кујната.
Состојки:
- 1 зрела банана
- 2 шолји млеко
- 2 шолји овесни снегулки
- 1 јајце
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- кокосово масло
- екстракт од ванила (по желба)
- 1 лажичка мед (по желба)
- 1 лажичка мало од бадем (по желба)
Подготовка:
- Во блендер ги матите бананата, млекото и овесните снегулки. Додавате јајце и сода бикарбона, па повторно матите. Ако ставате додатоци по желба, додадете ги и матете уште неколку секунди.
- Загрејте ја рерната и на кокосовото масло печете ги палачинките. Најубаво е што помали да бидат палачинките. Кога на горната страна ќе се појават меурчиња, свртете ја палачинката и печете на другата страна.
- Јадете ја со свежо овошје или со својата омилена намирница.
- СОВЕТ: Во смесата можете да додадете и темна чоколада.На здравје!
Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди
Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено
За сите гурмани – Палачинки кватро салами
Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди