Брзи декоративни коцки мраз во бои, дезени и вкусови

Брзи декоративни коцки мраз во бои, дезени и вкусови

Организирате забава? Вие и вашите гости ќе бидете пресреќни со овој трик за декоративно освежување.

Во калап за мраз наполнете од вашите омилени сокови во разни бои: портокал, црвен портокал, боровница, брусница, вишна, поединечно или комбинации во слоеви или употребете вода во која ќе додадете ливчиња од нане.

Ставете го калапот во замрзнувач.

Додадете ги декорираните коцки мраз во леден чај, вода, а по желба и во шампањ или некој алкохолен пијалак

Како ќе се топат во чашата, декоративните коцки мраз ќе дополнуваат боја и вкус на водата или пијалакот.

Овие коцки можат да бидат одлична декорација и да го збогатат  вкусот на оние освежителни пунчови од вино со свежо овошје кои се послужуваат во проѕирни стаклени садови.

Наместо калап за мраз кој може да биде во разни форми, можете да ја искористите и модлата за мафини во која можете во водата да додадете парчиња лимон или лимета исечени во тенки кругови или покрупни парчиња овошје.

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Лесно и креативно  – направете „лајк” колачиња

ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?

singlepost_text