Солени мафини од тиквички и сирење

Солени мафини од тиквички и сирење

Кога ќе ги пробате, постојано ќе ги јадете. Ова се највкусните солени мафини со тиквички и сирење 🙂

Состојки:

  • 1 шолја пченично брашно
  • 200 мл млеко
  • 3 јајца
  • 500 гр сирење
  • 2 тиквички
  • 1 прашок за печиво
  • сол и бибер

Подготовка:

  1. Тиквичките се рендаат, се посолуваат и се оставаат во сад.
  2. Во сад се мешаат брашното, млекото, изматените јајца и изгмеченото сирење.
  3. Се додаваат тиквичките, прашокот за печиво и сол и бибер.
  4. Смесата се става во модли и се пече на рерна загреана на 180 степени, 20-30 минути.
  5. Сервирајте ги со јогурт.
  6. Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

ВИДЕО: Направете солени мафини за 3 минути

Класични благи мафини

Солени мафини со козјо сирење

Чоколадни мафини

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

Мафини со 5 семиња

Брзо овесни мафини