Нема повкусно од италијанска кујна: Фокача со шери домати

Нема повкусно од италијанска кујна: Фокача со шери домати

Направете вкусен италијански специјалитет богат со шери домати. Овој вкус е незаменлив, кога еднаш ќе пробате, ќе ја правите постојано 🙂

Состојки:

  • 350 гр брашно 
  • 1 лажица сув квасец 
  • 1 лажица сол 
  • 2 лажици шеќер 
  • 2 лажици масло 
  • 175 мл топла вода 
  • 10 шери домати 
  • 200 гр пилешка шунка 
  • 100 гр шампињони 
  • 100 гр сирење 
  • 1 лажица кечап 
  • 1-2 лажици оригано

Подготовка:

  1. Се просејува брашното, се мешаат сите суви состојки, се додаваат маслото, водата и се замесува тесто. 
  2. Откако ќе нарасне тестото, се растегнува на плех за пица, па се боцка со виљушка. 
  3. Одозгора се ставаат шунката, сирењето, кечапот, печурките, шери доматите и ориганото. 
  4. Се става во рерна и се пече околу 20 минути на 200 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

 

singlepost_text