Авокадо и димен лосос тарт по оригинален рецепт на Шеф Мирко Митровски. Откако еднаш ќе го приготвите, веднаш ќе стане вашиот нов омилен рецепт кој ќе го правите за вас и најблиските. Еве што е потребно:
Состојки:
- 50 гр димен лосос
- 50 гр авокадо
- 30 гр домати
- 10 гр млад кромид
- 5 гр свеж копар
- сол и бибер
- сок од 1 лимон
- 2-3 шери домати
- 5 мл маслиново масло
- 1 тост лепче
Начин на подготовка:
- Димениот лосос, доматот, авокадото и младиот кромид исечкајте ги на ситни коцки или парченца. Додадете ги солта, биберот, маслиновото масло и сокот од лимон.
- Ставете го испеченото лепче на чинија за сервирање. Во калап во форма на круг ставете ја смесата одозгора.
- Декорирајте со ситно исечкан свеж копар и шери домати.
Добар апетит!
Шеф Мирко Митровски е партнер/коосновач на „The Kitchen Concept“. Тој има 25годишно искуство во услужната дејност и за тоа време има собрано и приготвено огромен број на рецепти кои потекнуваат од целиот свет.
Шеф Мирко има големо работно искуство – само последните 13 години како Шеф на кујна-главен готвач, ангажиран од Bluefield Middle East од Бахреин, Sodexo Remote Site од Велика Британија, како, Амбасадата на САД во нашата земја…
Најголемиот дел од својата кариера ја изградил во странство, но сега тој решава да го пренесе ова богато искуство, како и огромниот број на вкусни јадења и деликатеси и оригинални бургери во родната земја, Македонија.
Тој продолжува да приготвува вкусни рецепти, но истовремено има за цел да го пренесе своето знаење и искуство на помладите колеги.
„Ми се допаѓа кога гледам како луѓето уживаат во храната што ја приготвувам“, вели Шеф Мирко.
Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:
Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос
Салата која летово ќе ја правите секој ден
Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика
Полнети тиквички по најдобар рецепт
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула