Познатиот вкус на тестенини, на сосема нов начин. Направете вкусни шпагети за цело семејство. Еве што ви треба:
Состојки:
- 1 кеса шпагети
- 20 гр путер
- 1 морков
- 1 јајце
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажица пармезан
Подготовка:
- На тава со масло пропржете го морковот кој претходно ќе го измиете и изрендате. Додајте 150 мл ладна вода и варете 3 до 5 минути.
- Во тава премачкана со маргарин ставете половина од шпагетите кои претходно ќе ги сварите во врела и солена вода. Прелијте ги со сосот.
- Ставете уште половина шпагети, па прелијте ги со павлака и јајце.
- Одозгора ставете го изренданиот кашкавал.
- Печете 10 минути на 220 степени во рерна.
- СОВЕТ: Шпагетите варете ги малку пократко, бидејќи ќе се печат.На здравје!
Повеќе рецепти за љубителите на италијанската кујна на Готви.мк
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Италијанско предјадење за цело семејство
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка
Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак
Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење