Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Принцот Хари е на диета – Еве што не смее да јаде
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко
Шарена тава со зеленчук и пилешко
Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки