НАРЕДБА: Девојки, мора да ослабете!

НАРЕДБА: Девојки, мора да ослабете!

Раководството на египетската државна телевизија суспендира осум водителки и презентерки на вести поради „вишок на килограми“ и побара од нив да почнат да држат диета и да ослабнат.

На жените, за кои раководството смета дека имаат вишок килограми, им е оставен рок од еден месец за ослабување, пред да може одново да се појават во програмата.

Ваквото решение на египетската телевизија предизвика бурна реакција кај групите за заштита на правата на жените, но и во пошироката јавност, особено што генерален директор е жена – Сафа Хегази, која претходно беше угледна и популарна телевизиска водителка.

Презентерка на египетскиот Канал 2 за каирски весник изјави дека сака гледачите на нејзината програма, самите да пресудат дали таа е дебела и дали заслужува да биде „тргната од програмата“.

Друга водителка се пожалила дека сега има проблеми во семејството, кое изгледа не гледа ништо лошо во нејзиниот вишок килограми, па е против тоа таа да држи диета и да ослабне.

Угледниот каирски весник „Ал Ахрам“ отвори дебата околу ова прашање, на кое дел од учесниците сметаат оти битката за слабеење требало прво да почне во локалните телевизиски станици, додека други се на мислење дека повеќе внимание треба да се води за квалитетот на програмата, а не за килограмите на водителките.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Со Нордиска диета слабејте без гладување

Протеините – основа на ефикасните диети

ВАЖНО: 5 намирници за рамен стомак ова лето

Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

 

Преземено до Прес24

singlepost_text