Направете спој на италијанската кујна и пилешко месо. Ова јадење има одличен вкус.
Состојки:
- 1 кг пилешко месо
- 250 гр јуфки
- 2 главици кромид
- црвен пипер
- магдонос
- масло
Подготовка:
- Пилешкото се чисти и се става во длабок сад со врела вода да се вари. Се сече на парчиња и се става во огноотпорна тава. Околу него се ставаат јуфките.
- Кромидот се пржи, па се става во тавата заедно со водата во која се варело месото.
- Ставете малку црвен пипер и магдонос.
- Се пече 20 минути на 200 степени.
- Добар апетит!
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи
Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка
Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак