Летна освежителна салата на трпеза: Компир со краставица

Летна освежителна салата на трпеза: Компир со краставица

Направете вкусна и необична салата која има неодолив вкус. Компир и краставица се совршена комбинација за одлична салата на вашата летна трпеза.

Состојки:

  • неколку компири 
  • краставица 
  • ротквици 
  • 4 лажици маслиново масло 
  • 3 лажици јаболков оцет 
  • 2 лажици сенф 
  • зачини

Подготовка:

  1. Излупете го компирот, исечете го на коцки, па варете го во солена вода. Краставиците и ротквиците измијте ги и исечете ги исто така на коцки. 
  2. Во чинија ставете 4 лажици маслиново масло, 3 лажици јаболков оцет, зачини и две лажици сенф. Компирот ставете го внатре заедно со краставиците и ротквиците. Добро измешајте. 
  3. Оставете во ладилник половина час пред послужување. 
  4. На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки