Градоначалникот на Солун:  Кажете ни што ви е потребно за да помогнеме

Градоначалникот на Солун: Кажете ни што ви е потребно за да помогнеме

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, се вклучи во акцијата за помош на настраданите во поплнвите кои минатата недела зафатија делови од Скопје.

Тој изрази искрено сочувство за настраданите во невремето и понуди конкретна помош.

„Бидете уверени дека општина Солун и покрај тешкото оптоварување во обезбедување на хуманитарна помош за неколку илјади мигранти и бегалци, е подготвена и има волја да соработува со надлежните институции од вашата земја, со цел олеснување и помош на настраданите граѓани“, стои во телеграмата од градоначалникот Бутарис.

„Би ценеле  доколку ги посочите конкретните потреби од наша помош и начините за поддршка кои сметате дека се најсоодветни за да бидеме ефикасни и успешни“, истакнува градоначалникот на Солун.

Повеќе вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Еве колку силно се гледало скопското невреме од Косово

БРАВО: Продиџи ќе донираат за настраданите во поплавите

Фондацијата на Ана и Владе Дивац повикуваат светот да донира за настраданите во поплавите

Пекабеско донираше 2,4 тони млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите

(ФОТО) Слаткар: Остај тастатурата и фати се за лопата

Сања за акцијата на Слаткар: Маж ми, дел од големите мажи!

НЕВРЕМЕ: Донации за семејствата на загинатите и настраданите во поплавите – Еве како да помогнете

Еве како да донирате за настраданите во поплавите

 

Изјавата е преземена од Прес24