На предлог на министерот за економија, Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на одделни производи, односно на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кое се применувало до 5 август 2016 година.
„Имено, користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи. Имајќи во превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно“, стои во соопштението од Министерството за економија.
Оваа одлука ќе се применува до 31 август 2016 година.
Повеќе вести на Gotvi.mk:
ВИДЕО: Еве колку силно се гледало скопското невреме од Косово
БРАВО: Продиџи ќе донираат за настраданите во поплавите
Фондацијата на Ана и Владе Дивац повикуваат светот да донира за настраданите во поплавите
Пекабеско донираше 2,4 тони млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите
(ФОТО) Слаткар: Остај тастатурата и фати се за лопата
Сања за акцијата на Слаткар: Маж ми, дел од големите мажи!
НЕВРЕМЕ: Донации за семејствата на загинатите и настраданите во поплавите – Еве како да помогнете
Еве како да донирате за настраданите во поплавите
Преземено од Прес24