Нешто ново и превкусно: Направете кекси од лубеница

Нешто ново и превкусно: Направете кекси од лубеница

Направете вкусни кекси од лубеница кои ќе ги воодушеват сите. Се прават за 40 минути, а доволни се за десет лица.

Состојки:

  • 170 гр путер
  • 170 гр шеќер
  • 1 јајце
  • малку сол
  • прашок за печиво
  • 450 гр брашно
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • црвена и зелена боја за готвење

Подготовка:

  1. Путерот се мати со шеќерот и се додава екстракт од ванила, сол и прашок за печиво. Сè се соединува, па се меша брашното. Добиеното тесто се дели на два дела, и се добиваат две теста од 400 грама.
  2. Едниот дел се бои со црвена, другиот со зелена боја.
  3. Се става во фолија и се става 1 час во фрижидер.
  4. Потоа, од тестото се прави векна и се мешаат зелената и црвената боја, односно двете теста, за да се добие лубеница. Се сечат кругови со ширина од 5-6 милиметри.
  5. Се печат во загреана рерна на 150 степени околу 8 минути.На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени

 

singlepost_text