„Продиџи“, кои на 14 август ќе одржат концерт во Охрид, преку Facebook се огласија дека ќе донираат за настраданите во поплавите кои ја зафатија Македонија.
Истовремено, овој култен бенд изразува почит кон сите настрадани во оваа катастрофа и преку својата Facebook која брои повеќе од 3,7 милиони фанови ги повикува сите да помогнат:
„Огромна почит за Македонците кои ги загубија животите и настрадаа во поплавите. Ние ќе се приклучиме на солидарноста и ќе донираме преку Црвениот Крст на Македонија. Изразуваме почит кон сите жртви, нивните семејства и до сите Македонски Борци. Се гледаме на Охрид колинг во недела, 14 Август“, напишаа тие на својата официјална страна.
Фондацијата на Ана и Владе Дивац повикуваат светот да донира за настраданите во поплавите
Пекабеско донираше 2,4 тони млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите
НЕВРЕМЕ: Донации за семејствата на загинатите и настраданите во поплавите – Еве како да помогнете