Нутела и Фереро Роше со вкус на македонски лешник

Нутела и Фереро Роше со вкус на македонски лешник

Италијанската компанија „Фереро“ е заинтересирана за поставување опитни парцели лешник во Македонија, поради што од државата бара под концесија 10 до 20 хектари земјоделско земјиште.

„Фереро“, позната по еурокремот „Нутела“ и чоколадните бонбони „Рафаело“ и „Фереро рошер“, во наредните четири – пет години ќе утврдува кој вид лешник најдобро успева, а потоа планира производство.

Претставниците на компанијата, Гофредо Перна и Томасо Патикнина, за оваа цел имаа средби во македонското министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Фереро“ ја реализира посетата на Македонија на покана од фирмата „Ал Јунајтед“ со која соработува, а која во Македонија има 37 хектари засадени со лешник.

„Пред повеќе од десет години дојдовме и ги скениравме состојбите за производство на лешник. Досега ги опсервиравме сите можности за продолжување на овој бизнис тука. Особено сме задоволни од владините политики и измените на законските решенија за поттикнување на одгледувањето на оваа култура. Гледаме дека државата е многу заинтересирана и вложува максимални напори во оваа насока“, истакнаа од компанијата.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Вакво нешто не сте јаделе: Топол сендвич со банани и нутела

Ќе ви годи летово: Сладолед со омилениот нутела крем

Седумдневна диета со вашата омилена храна

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

Чиа пудинг

Вафли за заљубени

 

Преземено од Прес24

singlepost_text