Не постојат никакви научни докази кои докажуваат дека пиењето пиво води кон зголемување на килограмите, покажува истражувањето на британскиот нутриционист д-р Кетрин О`Саливан.
Пивото – омилен пијалак на милион мажи во светот, всушност до одредена мера е корисно, исто како виното кога се консумира со мерка, тврди истражувањето.
О `Саливан, кој е раководителка на научниот труд, смета дека преминот од секаков вид алкохол на пиво се покажало разумен начин да се започне диета. Посочува и пример – пивото има помалку калории од 100 мл. вино, па дури и од сок од портокал.
„За жал, за пивото е изградена претставата дека е висококалорично и доведува до дебелина”, коментира О`Саливан за „Тајмс”.
“Воопшто не е фер”, коментира таа.
Извештајот „Пивото и калориите – научен преглед” тврди дека пијалакот содржи витамини, влакна, антиоксиданси и минерали, што го намалува ризикот од остеопороза.
Gotvi.mk препорака е да пиете ретко и умерено. Сепак, пивото содржи и алкохол.
Прочитај поврзани Gotvi.mk вести и рецепти:
Мажите ќе ве обожаваат: Направете им сладолед од пиво
Брашно, пиво, јајца и путер – 4 состојки за генијален резултат во кујната
Вкусно мезе: Крокети со пилешко и шунка – одлични за со ладно пиво
Необичен десерт на кој мажите ќе се радуваат: Палачинки со пиво
Заврши „Пивофест 2016“, организаторите презадоволни – Колку пиво се испило?
Маријана главна ѕвезда на Пивофест – А, еве кој напиток за бронзен тен го препорачува!
Викенд мезе: Поховани маслинки – одлично одат со пиво
Добра вест за мажите: Ако пиете пиво ќе бидете ѕверови во кревет
Преземено од Хајд Парк