За сите љубители на италијанската кујна, ова е мошне интересен и необичен, но и многу вкусен рецепт за шпагети од рерна.
Состојки:
- 220 гр шпагети
- 1 јајце
- 2 шолји моцарела
- 200 гр шунка
- 200 гр сос од домати
Подготовка:
- Намачкајте плех за печење со масло и загрејте ја рерната на 220 степени, а шпагетите во меѓувреме сварете ги на вообичаен начин во солена вода.
- Откако ќе се сварат шпагетите, исцедете ги па додадете го јајцето кое ќе го изматите, моцарелата и ставете ги во плехот.
- Измешајте го сосот за шпагети со шунката и прелијте со доматен сос. Ставете најгоре моцарела.
- Печете 15 минути и декорирајте со малку магдонос.
- Ви препорачуваме чаша бело вино за овој рецепт.
- Добар апетит!
ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини
Направете домашен песто сос со тестенини
Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Италијанско предјадење за цело семејство