Во врелите летни денови се што ни треба е овошје и зеленчук кои се богати со витамини. Овој пат Gotvi.mk ви нуди супер-рецепт од печен зеленчук, кој е и вкусен и многу здрав.
Состојки:
- 1 лук
- 2 главици кромид
- 2-3 тиквички
- 2-3 компира
- 2-3 домати
- 20 дг сирење
- сол, бибер и масло
- малку рузмарин
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени, а во меѓувреме во тава на оган ставете го ситно исецканиот кромид и лук да се пропржат. Исто така, зеленчукот исечете го на кругови.
- Се ставете во плех со хартија, наредете го зеленчукот на кругови, посипете го со кромидот и лукот, ставете малку рузмарин, масло и зачини. Одозгора изрендајте сирење.
- Печете половина час со фолија, и уште 15 минути без фолијата на плехот
ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири
ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири
ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири
Гнездо од компири со селско месо
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин