Коктел пита: Нешто сосема ново на вашата трпеза

Коктел пита: Нешто сосема ново на вашата трпеза

Направете пита каква што не сте јаделе никогаш до сега. Со неколку намирници, коктел-питата ќе биде готова за кратко време. Сите ќе уживаат во вкусот.

Состојки:

  • 1/2 кг мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 1 домат
  • 1 кг печени пиперки
  • 1/2 кг кори за пита
  • 4 јајца
  • 1 шолја кисела павлака
  • 1 шолја кисела вода
  • масло
  • сол, бибер и други зачини по вкус

Подготовка на питата:

  1. На масло во тава се пржи кромидот исечкан на ситни коцки, па се додава меленото месо одозгора. Откако ќе се издинста неколку минути, се додава доматот од кој се прави доматно пире, зачините, а сето тоа се крчка уште неколку минути на оган.
  2. Во плех се редат три кори за пита, се прскаат со малку масло, се додаваат пиперките кои претходно сме ги исекле тенко, па повторно се ставаат три кори. Одозгора се става месото, па повторно три кори. Постапката со пиперките и месото се повторува додека има материјал.
  3. Питата се сече со нож и се прелива со прелив кој сме го направиле од јајцата со павлаката, киселата вода и малку сол.
  4. Се пече 30-40 минути на 180 степени. 
  5. Убава е и ладна. Послужете ја со јогурт или парче сирење.
  6. На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, лук и босилек

Печена пица палачинка

Која е тајната за совршени лазањи?

 

 

singlepost_text