Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Бургер од растурено пилешко со барбекју сос по оригинален рецепт на Шеф Мирко Митровски. Рецепт со кој бургерот станува вистинско гурманско задоволство и често ќе го приготвувате за целото семејство или кога ќе ви се најават гости.

Состојки за 4 лица:

  • 600 гр свежи пилешки гради
  • 20 мл масло
  • 5 гр бибер
  • 5 гр сол
  • 10 гр слатка мелена црвена пиперка
  • 5 гр ѓумбир во прав
  • 5 гр гранулати лук
  • 10 гр кафеав шеќер
  • 20 мл сенф
  • 50 мл барбекју сос
  • 4 лепчиња за бургер
  • 100 гр зелка ситно исечкана
  • 30 гр морков рендан
  • 20 мл мајонез
  • сол и бибер
  • 500 гр помфрит

Начин на подготовка:

  1. Во мал сад помешајте ги сите зачини (сол, бибер, кафеав шеќер, црвен пипер, ѓумбир и лук).
  2. Пилешките гради наредете ги во сад за печење. Премачкајте ги со сенф и потоа секое парче убаво измасирајте го со претходно измешаната смеса од зачини.
  3. Додадете 1 л вода, покријте го тавчето со алуминиумска фолија и печете 3 часа на температура од 175 степени .
  4. Во меѓувреме измешајте ги зелката, морковот, мајонезот, кафеавиот шеќер, солта и биберот.
  5. Откако пилешкото ќе се испече, полека, со користење на 2 вилушки растргнете го секое парче пилешки гради на помали парчиња и убаво измешајте го со течностите во тавата.
  6. Лепчињата за бургер пресечете ги на пола, потпечете ги на скара или плотна. На долниот дел од лепчето нанесете од барбекју сосот, потоа смесата од зелка и морков и 150 гр од пилешките растурени гради. Поклопете со горниот дел од лепчето на кое исто ќе нанесете од барбекју сосот.
  7. Сервирајте во чинија со претходно испржен помфрит.

Добар апетит!

Шеф Мирко фотографијаШеф Мирко Митровски е партнер/коосновач на „The Kitchen Concept“. Тој има 25годишно искуство во услужната дејност и за тоа време има собрано и приготвено огромен број на рецепти кои потекнуваат од целиот свет.

Шеф Мирко има големо работно искуство – само последните 13 години како Шеф на кујна-главен готвач, ангажиран од Bluefield Middle East од Бахреин, Sodexo Remote Site од Велика Британија, како, Амбасадата на САД во нашата земја…

Најголемиот дел од својата кариера ја изградил во странство, но сега тој решава да го пренесе ова богато искуство, како и огромниот број на вкусни јадења и деликатеси и оригинални бургери во родната земја, Македонија.

Тој продолжува да приготвува вкусни рецепти, но истовремено има за цел да го пренесе своето знаење и искуство на помладите колеги.

„Ми се допаѓа кога гледам како луѓето уживаат во храната што ја приготвувам“, вели Шеф Мирко.

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата