Поради неверемето, концертот на Артуро Сандовал презакажан за денеска

Поради неверемето, концертот на Артуро Сандовал презакажан за денеска

Ве известуваме дека концертот на Артуро Сандовал кој синоќа за жал беше откажан поради невремето кое го зафати Охрид, е ПРЕЗАКАЖАН ЗА ДЕНЕС (7-ми август 2016) и ќе се одржи во Домот на Културата во Охрид.

Имено, бидејќи капацитетот на овој концертен простор е ограничен и помал во споредба со оној на Античкиот театар, во недела ќе се одржат ДВА КОНЦЕРТИ, а по барање на публиката која само овој викенд и специјално за овој концерт е во Охрид, термините ќе бидат во доцните попладневни часови.

Концертот од 17:00 часот ќе можат да го проследат оние кои имаат влезници за партер, блок Б и блок Д (по шемата на Антички театар).

Концертот од 19:00 часот ќе можат да го проследат оние кои имаат влезници за блок А и блок Ц (по шемата на Антички).

Сите оние кои веќе купиле влезници, а нема да бидат во можност да присуствуваат на еден од презакажаните концерти, ги известуваме дека ќе можат да ги вратат своите билети од местото каде ги купиле и ќе им бидат рефундирани паричните средства.

За повеќе информации на телефонските броеви: 02/2775-430 во Скопје и 046/262-304 во Охрид.

Во оваа прилика му благодариме и на големиот Артуро Сандовал за укажаната чест и согласноста да го продолжи својот престој во Охрид за да не ѝ остане должен на македонската публика со најавениот концерт, како и на сите кои ни излегоа во пресрет за да бидат овозможени утрешните два концерти.

Жалиме за временските непри лики кои не само што го зафатија Охрид, туку и поширок дел од земјава, а воедно, уште еднаш упатуваме извинување до публиката и Ви благодариме за покажаното разбирање во оваа неприлика – стои во соопштението од Охридско лето.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Ван Гог во Охрид: „Каква луда ноќ, публика и амбиент за медал“

Охрид ќе пулсира во кубански ритам

Лубеница 15, праски 30, цреши 120 денари за килограм – Еве ги моменталните цени на пазарот во Охрид

Елина Гаранча го отвора Охридско лето – Еве што сака да јаде оперската дива

Викендов во Охрид на плажа – вода 40, еспресо 50 денари

Охридски или не, и годинава црешите прескапи – Еве ги цените

Пастрмка на охридски начин

Охридски чомлек

 

Преземено од Охридско лето

singlepost_text