„Дoждливиот викенд секoгaш е пoубaв сo вкуснo нaпрaвенa пицa“, вели Ангела Велинова која ни го испраќа овој одличен рецепт за пикантна пица во која ќе уживате со вашите најблиски. Навистина одлично изгледа и ја има Gotvi.mk препораката.
Состојки за 1 пица:
- 1 тесто
- 200 гр кравји кашкавал
- 40гр кулен
- 2 парчиња сланина
- 1 феферонка
- кечап
- оригано
- павлака
- 3 маслинки
Directions
- Врз тестото за пица се нанесува насекаде кечап.
- Ренданиот кашкавал се распоредува убаво врз целото тесто, а потоа се додаваат куленот и сланината кои се веќе исечкани на тенки парчиња. За подготовка на оваа пица Ангела употребила кулен на Пекабеско.
- Феферонката се сечка на тенки парчиња и се распоредуваат неколку околу кашкавалот.
- Пред да се стави во веќе стоплена рерна, на краевите се додава оригано.
- Се пече на 180 степени дваесетина минути. Се вади од рерна вкусната пица и се става за послужување. На средина се декорира со топка павлака и 3 маслинки.
И уживанцијата може да започне 🙂
Поврзани рецепти на Gotvi.mk
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици
ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути
Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута
Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат