НЕВРЕМЕ: Донации за семејствата на загинатите и настраданите во поплавите – Еве како да помогнете

НЕВРЕМЕ: Донации за семејствата на загинатите и настраданите во поплавите – Еве како да помогнете

По синоќешните поплави кои го зафатија Скопје, како и други делови од Македонија, граѓаните, компаниите и институциите се организираат со цел да им помогнат на семејствата на загинатите и настраданите во поплавите.

Парична помош на вонредна седница беше усвоена и ќе доделува Владата на Република МакедонијаГрадот Скопје, како и општината Аеродром. И политичките партии се вклучија во акции за собирање на помош.

Компанијата Тинекс, исто така, денеска донираше 24.000 литри вода за настраданите во поплавените подрачја. Ова е особено важно по апелите на надлежните во тие делови да не се употребува и пие водата додека не се направи детална проценка за нејзината исправност.

Се организираа твитерџиите кои отворија пункт за собирање на помош пред Веро Центарот во Скопје, како и „Уметност на живеење Македонија“ кои отворија пункт пред ТЦ Зебра – Тинекс.

Во меѓувреме, тефонската линија за помош на Црвениот Крст на Република Македонија е постојано отворена за донации од сите мобилни оператори. Со секое јавување на телефонскиот број 143 400 од било кој мобилен оператор можете да донирате по 100 денари.

Повеќе информации како да донирате и да помогнете можете да добиете во Црвениот Крст на Република Македонија, а дополнителни информации можете да најдете ТУКА

singlepost_text