Одличен викенд ручек – Гурманска домашна плескавица

Одличен викенд ручек – Гурманска домашна плескавица

Викенд ручеците се вистински празник за секоја фамилија. Затоа, покрај традиционалните вкусни јадења, одвреме навреме пригответе некој нов специјалитеткој сите ќе ги воодушеви. Еве го Gotvi.mk предлогот:

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 200 гр Пекабеско сланина
  • 150 гр кашкавал Интерлад
  • 150 гр печурки
  • маслиново масло и зачини

Домашна гурманска плескавица Пекабеско

Начин на готвење:

  1. Во тавче се реди Пекабеско сланината која претходно е исечена на долги и тенки парчиња.
  2. Врз сланината се става меленото месо (свинско, говедско или измешано) кое е зачинето со црн и црвен бибер, сол и нане.
  3. Откако ќе го ставите меленото месо, врз него ги додавате печурките,а најодозгора Интерлад кашкавалот.
  4. Ставете малку маслиново масло и буковец.
  5. Краевите од сланината преклопете ги преку состојките и ставете да се пече 35-40 минути на температрура од 180 степени.

Гурманската домашна плескавица сервирајте ја на четвртини. На здравје!

Пекабеско сланина

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Фантазија рецепт: Крањска со зеленчук

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, лук и босилек

Печена пица палачинка

Која е тајната за совршени лазањи?

singlepost_text