Октопод салата – рецепт со кој морското добива нова вкусна димензија

Октопод салата – рецепт со кој морското добива нова вкусна димензија

За сите љубители на морската храна, а особено октоподот, прочитајте и направете го овој рецепт кој ни го испраќа Тина Алексовска.

Состојки:

  • октопод
  • ловоров лист
  • бибер во зрна
  • рузмарин
  • компир
  • брокула
  • 3-4 чешниња лук
  • 100 мл бело вино
  • зачини (оригано, босилек)
  • црвен кромид
  • шери домати
  • цеден сок од 1 лимон

Oktopod drvo (Tina Aleksovska) 2

Начин на готвење:

  1. Октоподот ставете го да се обари на тивок оган со ловоров лист, бибер во зрно и рузмарин помеѓу 1 и 2 часа.
  2. Обарете ги компирот заедно со морковот, а брокулата пропржете ја на маслиново масло за јадење.
  3. На околу 5 минути пред да биде готова, пропржете заедно со исцедениот и исечкан на помали парчиња октопод. Во тавата додадете го и сечканиот лук, виното и зачините, како и обарените компир и морков.
  4. Непосредно пред да ја тргнете од оган, во тавата додадете го кромидот сечкан на полукругчиња и неколку шери домати пресечени на половинки.
  5. На крај, полијте со сокот од цеден лимот и сервирајте во чинија.

Октопод дрво (Тина Алексовска) 1

Украси со што ти душа сака и навали – низ шега ни пишува Тина 🙂

На здравје!

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Врап со туна кој се прави за 5 минути

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text