Денес е светскиот ден на пивото. По тој повод направете необичен сладолед со пиво по овој вкусен рецепт.
Верувале или не, може да направите идеален сладолед за својот сопруг или партнер, а рецептот кој ви го предлагаме е сладолед од пиво.
Состојки:
- 200 гр млечна чоколада
- 1 шолја млеко
- 100 гр шеќер
- 4 жолчки
- 1 шолја павлака за готвење
- 180 мл пиво
- 1 лажица екстракт од ванила
- малку сол
Подготовка:
- Чоколадото се става да се растопи во сад, а во посебен сад се ставаат млекото, шеќерот и малку сол.
- Изматете ги жолчките, па додајте ги во садот со млеко, шеќер и сол. Мешајте за да се соедини смесата, и крчкајте додека не се згусне. Потоа измешајте ја со чоколадото.
- Додајте ги павлаката, пивото и ванилата и сè убаво соединете.
- Ставете ја смесата во сад и ставете ја во ладилник.
- Пред да сервирате изрендајте чоколадо одозгора.
- Уживајте и гответе со љубов!
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Скапо ви е 20 денари за топче? Погледнете ја цената на овој сладолед
Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)
ВИДЕО: Сладолед од кокос и боровница – неодолив домашен рецепт
Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки
ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед
Брзо и освежително: Смути од шумски плодови
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?