Летото е период кога треба да се грижиме за линијата, па затоа ние ви нудиме одличен здрав оброк кој се прави за 15 минути. Ова јадење ќе ве држи сити и ќе се погрижи да не накачите некој килограм повеќе.
Состојки:
- 100 гр цвекло
- 150 гр јаболки
- 100 гр морков
- 50 гр ореви
- 1 лимон
- 15 мл маслиново масло
- сол
Подготовка:
- Цвеклото, јаболкото и морковот измијте ги убаво, па изрендајте ги во сад. Соединете ги сите состојки и ставете го сокот од лимонот кој ќе го исцедите и маслото.
- Салатата завршете ја со наросување сечкани ореви и малку сол.
- Уживајте во летото и гответе со љубов 🙂
Повеќе салати на Gotvi.mk:
Врап со туна кој се прави за 5 минути
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути