Направете лесна, свежа и летна салата со туна која ќе биде готова за само 15 минути. Со неа може да се нагостат 4 лица.
Состојки:
- 200 гр тестенини во бои
- 2 домати
- 1 главица кромид
- 1 краставица
- 1 зелена пиперка
- 150 гр туна
- неколку листови зелена салата
- 3 лажици јаболков оцет
- маслиново масло
- зачини по вкус
Поготовка:
- Тестенините се варат во солена вода со масло, се цедат и се ставаат во длабок сад. Врз нив се става ситно сечканиот кромид.
- Се сечат останатите намирници и се додаваат во садот, па се става и зелената салата.
- Се додаваат туната и зачините, како и малку масло и оцет.
- Сè убаво се меша.
- Уживајте во храната и гответе со љубов 🙂
Врап со туна кој се прави за 5 минути
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути