Сакате да јадете компир? Прочитајте ги овие 7 кулинарски трикови за совршени компирчиња

Сакате да јадете компир? Прочитајте ги овие 7 кулинарски трикови за совршени компирчиња

Како пржениот компир да биде уште повкусен, што го прави пирето повкусно, како малите и големите да се сварат истовремено и зашто вреди да ја сочувате водата во која се вареле?

Пржениот компир ќе биде повкусен ако пред пржењето го оставите во вода околу две минути, го исушите и потоа го пржите.

За да не се распаднат при варењето, компирите варете ги во солена вода. Но, солта треба да ја додадете во водата при крајот на варењето, бидејќи во спротивно нема добро да се свари.

За да ви бидат сварени во исто време и малите и големите компири, избодете ги големите со чечкалица.

Ако од вчерашниот ручек ви останала поголема количина варен компир, можете да го прелиете со солена, извриена вода и оставете да поврие. Ќе имаа вкус како штотуку да сте ги зготвиле.

Кога ќе го излупите компирот, а потоа сфаќате дека ќе го подготвувате по неколку часа, потопете го во ладна вода за да не поцрни.

Пирето од компир ќе биде повкусно ако млекото е топло.

Кога од ручекот ќе ви остане пире, направете крокети.

Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо

singlepost_text