Кои се состојките за вкусна турлитава? Рецепт „прсти да излижеш“

Кои се состојките за вкусна турлитава? Рецепт „прсти да излижеш“

Соња не повика на дегустација на еден од нејзините специјалитети – турлитава. Резултатот е чиста 10ка, а сочниот и богат вкус е она што го прави овој рецепт посебен. Еве како да приготвите турли тава по рецептот на Соња:

Состојки:

  • 5 компири
  • 3 кромиди
  • 5 зелени пиперки
  • 300 гр боранија
  • 300 грама бамја
  • 200 гр моркови
  • 500 гр домат
  • 2 тиквички
  • 1 модар домат
  • магдонос
  • 1 кг месо (телешко и свинско мешано)

Начин на готвење:

  1. Сè се сече на покрупни парчиња и се додава маслинов зејтин, црвен пипер, бибер и сол.
  2. Се пече 2 часа во загреана рерна на 200 степени во покриена тава.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Направете селска тава – одличен вкус со малку труд

Гнездо од компири со селско месо

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Селско месо по едноставен рецепт

Турли тава со пилешко месо

Печени шницли со зеленчук

Повеќе Gotvi.mk рецепти за главни јадења

singlepost_text