ИКЕА се исмева, но вие фотографирајте храна на Инстаграм и јадете бесплатно каде сакате

ИКЕА се исмева, но вие фотографирајте храна на Инстаграм и јадете бесплатно каде сакате

Социјалните медиуми целосно ги променија нашите животи, а денес многу луѓе заработуваат пред сé благодарејќи на сопствената идеја и иницијативност на Facebook, YouTube, Twitter, Instagram…

„Тоа е храна. Не е натпревар. Ајде да се опуштиме” – им велат од ИКЕА на сите оние кои најпрво ја фотографираат храната, а потоа почнуваат да јадат.

Еден од начините на заработка по пат на интернет е и промоција на одредени производи на социјалните медиуми, бидејќи дел од светските компании се подготвени и да им платат на своите корисници за рекламирање на производите.

NYC Instagram Food 1

На овој начин заработуваат модните блогери – со промовирање и рекламирање на облека, чевли, козметика, фитнес тренери кои рекламираат фитнес опреми и слично, како и поединци кои рекламираат храна и пијалак од одредени ресторани и кафулиња.

Најголемиот услов е да имате голем број на следбеници на социјалните медиуми што ви дава популарност и можност производите кои ги рекламирате да ги видат што е можно повеќе луѓе.

Еден од ваквите примери е профилот на Инстаграм „Њујорк сити“ на кој може да се пронајдат фотографии од многубројни ресторани. Овој профил има преку 619 илјади следбеници.

NYC Instagram Food 3

„Познавам луѓе кои немаат платено оброк со месеци бидејќи различни ресторани им даваат бесплатни оброци по желба. Моите родители мислат дека е премногу лудо бидејќи се хранам како кралица. Јадам кавијар и јастог секоја вечер, секогаш сум на друго место и тоа е феноменално“ – изјави Џеки Габел, сопственичка на Инстаграм профилот “Noleftovers” кој има преку 150 илјади следбеници.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text