Француска пита од праски – рецепт за кој ви требаат 20 минути (видео)

Француска пита од праски – рецепт за кој ви требаат 20 минути (видео)

Овој лесен и вкусен рецепт за пита од праски или француски тарт од праски е одлична идеја за освежување во кујната.

А, и периодот е одличен бидејќи праските се продаваат и по цена од 15 денари за килограм, така што приготвувањето на овој рецепт нема да ве чини премногу. Еве како да го направите:

Состојки:

  • 3-4 праски
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици џем од кајсии
  • 40 гр растопен маргарин
  • 8 кори за пита

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. На плех за печење ставете хартија за печење.
  2. Нанесете ја првата кора и убаво поминете ја со растопениот маргарин
  3. Постапката повторете ја со останатите 7 кори за пита.
  4. Праските исечете ги на половинки и извадете ја коската од секоја од нив. Исечете ги праските на тенки парчиња. Наредете ги парчињата рамномерно врз корите и посипете го шеќерот врз нив.
  5. Ставете го плехот во загреаната рерна и печете околу 20 минути. Извадете го од рерна, причекајте малку да се олади питата и одозгора поминете ја со џемот од кајсии.

Целиот процес на подготовка на оваа брза и вкусна пита од праски погледнете го во видеото:

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Праски 15 денари – Еве каде е оваа акциска сена

Зошто е здраво да јадеме праски?

ВИДЕО: Рецепт за домашен леден чај од праска – ќе ве чини помалку од 15 денари

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Природна лимонада од праски – веднаш ќе посакате да ја направите

Портокал, праска, кајсија… Здравствени предности на природните oвошни сокови

Исхрана на децата: Еве колку овошје и зеленчук треба да јадат дневно

Јадете колку сакате – Антиоксиданс диета

 

ФОТО: YouTube

singlepost_text