Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?

Зошто се прават мекици и зошто мајките не се присутни?

Традицијата вели дека кога ќе се роди бебе, се замесуваат мекици и се канат најблиските за заедно да се прослави среќниот момент. Порано во секоја куќа скоро имало брашно, вода и масло, па затоа било најпогодно за сите да се прават мекиците. И останало до ден денес… Во некои краеви мекици се прават веднаш по пораѓањето кај свекорот и свекрвата, а следниот ден кај бабата и дедото, а во некои краеви три дена после пораѓањето. Се изнесува сирење, шеќер и мекици, а се носи благо на мекици, за животот да му биде благ на детето.

Тоа вели традицијата, која ние малку ја модифициравме. Сега се прави во ресторани, најчесто како втора свадба и веднаш по пораѓањето. И тука мислам дека е најголемата неправда за жените. Често забораваме дека во минатото кога настанала традицијата, жените се пораѓале дома со бабица и без оглед дали мекиците биле првиот или третиот ден од пораѓањето тие биле присутни. Денес се пораѓаат во болници и секако не можат да стигнат првиот ден по пораѓањето. До третиот можеби некако, ако пораѓањето е по природен пат.

Секоја мајка би сакала да е присутна на моментот кога семејството го прославува доаѓањето на новиот член. Сè почесто тоа и се случува, бидејќи семејствата одлучуваат да чекаат додека мајката излезе од болница, но не секаде.

За жал, сеуште голем дел од мајките седат сами во болничката соба, знаејќи дека целото семејство некаде го слави доаѓањето на новороденчето, новороденче во чие создавање и таа учествувала исто колку и таткото.

Преземено од Ednakvi.mk

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Супер одат со јогурт и сирење: Разбудете го семејството со мекици

Мекици

Домашни крофни

„Мекица party“

Среќа и убавина: Ова овошје е идеално за жените

Сладолед полн здравје: Ледено авокадо во тропските денови

Дами, бидете фит на секоја возраст – Еве што треба да јадете во секоја деценија од животот

Брза диета според вашата градба на тело