Летен ручек: Полнет модар домат во тава

Летен ручек: Полнет модар домат во тава

Направете вкусен и богат ручек – На менито имаме модри домати полнети со одлични намирници чиј вкус долго нема да го заборавите.

Состојки:

  • 1 голем модар домат
  • 2 чешниња лук
  • 100 гр сирење
  • 1 пиперка
  • зачини
  • маслиново масло
  • кашкавал или сирење по вкус

Начин на готвење:

  1. Модриот домат го ставаме во фолија и го оставаме да се пече на температура од 220 степени во рерна.
  2. По еден час го вадиме и лупиме, па го сечеме на половина. Ја длабиме смесата, па ја мешаме во сад со останатите намирници исечени на ситни коцки и ставаме зачини по желба.
  3. Одозгора го рендаме кашкавалот или сирењето.
  4. Го враќаме само една минута во рерна да се растопи кашкавалот/сирењето.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Полнети печурки по најдобар рецепт

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос

singlepost_text