Потпечен француски компир – тава со преубав вкус

Потпечен француски компир – тава со преубав вкус

Направете компир на француски начин од кој сите ќе бараат репете. Овој ручек ќе го израдува вашето семејство.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 100 гр шунка
  • 4 колбаси по избор
  • 6 јајца
  • 1 канче кисела павлака
  • 100 гр млеко
  • зачини

Подготовка:

  1. Компирите се варат во солена вода, а во меѓувреме се варат и јајцата во друг сад на оган. Во истиот сад со јајцата се варат и колбасите, но само неколку минути.
  2. Потоа, сварените компири и колбаси со јајцата се сечат на кругови и се зачинуваат, па се ставаат во тава со масло. Се реди компир, колбаси, јајца, па се така додека има смеса.
  3. Најгоре се става шунка, а сè се полева со смеса од кисела павлака, едно јајце и млеко.
  4. Печете на температура од 180 степени околу 40 минути.
  5. Вкусот е одличен!

Поврзани вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Сите полудеа по овој рецепт – од сега ќе правите само вакви компири

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо