Вкусните корнфлекс колачиња ќе станат составен дел од вашето мени. Тие се одлично слатко задоволство, а воедно се хранливи и здрави[ingredients title=”Состојки:”]
- 250 гр маргарин
- 200 гр чоколадо за готвење
- 150 гр сечкани ораси
- 250 гр корнфлекс
- 6 лажици мед
- 4 лажици шеќер
[/ingredients]
Подготовка:
- Ставете го маргаринот на оган да се растопи, додајте ги искршената чоколада, медот и шеќерот.
- Во оваа смеса додадете ги и сечканите ореви, корнфлексот и се добро измешајте.
- Со лажица полнете калапи за печење – корпи за колачиња и ставете ги да се стегнат во фрижидер.