Колачиња со турско кафе

Колачиња со турско кафе

Турското кафе не е само задоволство во шолја. Со него може да направите вкусни колачиња кои се топат во уста.

Состојки:

  • 4 белки од јајце
  • 4 лажици турско кафе
  • 200 гр шеќер
  • 1/2 кафена лажица каранфилче

Подготовка:

  1. Во сад се матат белките од јајца, па полека се додава кафето, шеќерот и каранфилчето. Се мати  додека не се добие пенаста смеса.
  2. Се загрева рерната на 90 степени, се става хартија на плехот и се прават мали топчиња од смесата. Наредете ги на хартијата.
  3. Се докорираат по желба со рендано чоколадо или кокос.
  4. Печеме околу еден час, па откако ќе бидат готови, се поклопуваат две колачиња, а во средината се става чоколаден крем.

На здравје!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

 

singlepost_text