Крцкави, меки и вкусни пирошки со кои ќе го разбудите семејството. Верувајте, ќе дотрчаат кога ќе го почувствуваат прекрасниот мирис 🙂
Состојки:
- 400 гр фета сирење
- 3 јајца
- 2 дл јогурт
- 1 прашок за печиво
- 500 гр брашно
- 1 лажица сол
- масло
Подготовка:
- Сирењето издробете го во сад, додадете ги јајцата кои претходно ќе ги разматите, па потоа и брашното, малку сол, јогуртот и прашокот за печиво.
- Направете тесто и расукајте го со дебелина на еден прст.
- Направете коцки, пржете ги на тава со масло и уживајте.
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука