Маринирано поховано пилешко месо во тава

Маринирано поховано пилешко месо во тава

Направете вкусно пилешко месо во тава кое има одличен вкус и ќе го собере целото семејство на трпеза. Идеален ручек за сите генерации 🙂

Состојки:

  • 1/2 пилешко филе 
  • 2 лажици маслиново масло 
  • 1 дл млеко 
  • зачини по избор 
  • 1 јајце 
  • 2 лажици пармезан 
  • презла 
  • малку брашно 
  • масло за готвење

Подготовка:

  1. Пилешкото филе се посолува со зачини по желба, па потоа се меша млекото со маслото, се додаваат зачини по вкус и филето се прелива со смесата. Се става во ладилник да отстои околу два часа. 
  2. Откако ќе го извадиме од фрижидер маринираното пилешко филе, убаво го поминуваме во јајце, брашно, презла, пармезан и малку масло. 
  3. Го ставаме во тава и печеме 30 минути на 200 степени покриено со фолија. 
  4. Пет минути пред да го извадиме месото ја тргаме фолијата и го враќаме назад во рерна да се допече.

Поврзани вести на Готви.мк

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

 

singlepost_text