Направете колоритна и здрава чинија која ќе има посебен вкус. Рижото со зеленчук е одличен оброк за вас и вашите најмили.
Состојки:
- 400 гр ориз
- 1 главица кромид
- 2 коцки супа
- домат
- карфиол
- 3 моркови
- 250 гр грашок
- 50 гр масло
Подготовка:
- Оризот се става во масло, а откако ќе набабри се додаваат кромидот, доматите, коцките супа и вода во сооднос два пати повеќе од оризот. Цело време динстајте на среден оган.
- На страна динстаме карфиол, вариме морков и грашок. и пред самото сервирање ги ставаме во рижотото
- Најгоре може да декорирате со кашкавал, маслинки друго по ваш вкус.
Полнет ананас со ориз и пилешко