Вкусно мезе: Крокети со пилешко и шунка – одлични за со ладно пиво

Вкусно мезе: Крокети со пилешко и шунка – одлични за со ладно пиво

Направете вкусни крокети со шунка и пилешко кои се совршено мезе за со пиво.

Состојки:

  • 4 лажици масло
  • 4 лажици бело брашно
  • 2 дл млеко
  • 250 гр пилешко месо
  • 150 гр шунка
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • сол
  • пипер
  • 2 јајца
  • презла
  • масло

Подготовка:

  1. Загрејте го маслото и додадете брашно, па направете запршка во која ќе го додадете млекото. Мешајте додека не се згусне бешамел сосот.
  2. Пилешкото месо исецкајте го ситно и пропржете го на тава со масло околу 10 минути. Месото потоа додадете го во смесата со млеко.
  3. Исечете ја шунката на коцки, додадете магдонос и зачини во неа, па и тоа додајте го во смесата со бешамел и пилешко месо. Ставете ја смесата во фрижидер неколку часа.
  4. Од оладената смеса направете крокети, убаво поминете ги во јајце, па презла и испржете ги.

Уживајте во крцкави крокети и ладно пиво 🙂

Поврзани рецепти на Готви.мк

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

 

singlepost_text